Steel Control
Армирачки погон лоциран во Скопје, населба Ѓорче Петров на улица Шар Планина бр. 12. Се простира на простор од околу 17,000 м2 од кои хала од 1650 м2. Погонот е располага со опрема за современо функционирање на модерен армирачки погон при што:
Два крана за производство и утовар –истовар;
Два специјализирани крана кои обезбедуваат брз и сигурен утовар и истовар, како и поддршка во текот на производството.
Две роботизирани машини за изработка на узенгии од котури до пречник RФ16;
Автоматизирани машини кои овозможуваат прецизна и брза изработка на узенгии од котури до пречник RФ16.
Две линии за кроење на арматура со транспортери на материјалот до машините за виткање;
Интегрирани линии за кроење на арматура со транспортери кои овозможуваат континуиран проток на материјал до машините за виткање.
Автоматска машина со две потезни глави за виткање арматура до пречник RФ32 (систем фабрика);
Напреден систем со две потезни глави кој овозможува прецизно виткање на арматура до пречник RФ32 со висока продуктивност.
Изработка на шипови, кошеви, ременати и други заварени елементи потребни во градежништво;
Производство на различни арматурни конструкции и заварени елементи, прилагодени на потребите на современото градежништво. Се нарачува по спецификација на вашите проекти.
12 полуавтоматски машини за виткање арматура;
Полуавтоматски машини кои обезбедуваат прецизно и ефикасно виткање на арматура со висок капацитет на производство.
Целосно автоматски апарат за челно заварување на арматурни профили до RФ40;
Современ автоматски систем за челно заварување на арматурни профили до пречник RФ40, кој гарантира цврсти и сигурни споеви.
Два виљушкари;
Виљушкари кои овозможуваат брзо и безбедно движење и манипулација со материјали во рамки на производствениот процес.
Апарати за заварување (Електролачно и MIG/MAG);
Професионална опрема за електролачно и MIG/MAG заварување, која обезбедува квалитетна и прецизна обработка на метал.
Нарачаната количина се мери со сертифицирана кранска вага, и за истата се издава кантарна белешка.Моменталниот производствен капацитет на погонот во една смена изнесува од 25 до 50 тони дневно.
Посветени на висококвалитетни производи и услуга
Нашата посветеност на високвалитетни производи и услуги е срцето на нашата компанија. Инвестираме во современа технологија за да гарантираме квалитетни производи според стандарди. Применуваме строги контроли за квалитетот на секоја фаза.
Посветени сме на изградба на долгорочни партнерства со нашите клиенти и ги почитуваме како дел од нашето семејство. Нашата посветеност не завршува со продажбата на производот или со завршувањето на услугата, туку продолжува низ нашите гаранции и поддршка по потреба.
СЕКТОР БЕТОНСКО ЖЕЛЕЗО
Една од главните дејности на Промет Стеел Холдинг е трговија со бетонско железо од фабриките за производство на арматура на Балканот и Африка пo пат на камионски и бродски превоз.
Нашето работење со бетонско железо го снабдува во голема мера пазарот на нашата земја, Косово, Србија како и пошироко на Балканот, а за големината на нашето работење со бетонско железо во прилог се остварениот промет по количини по години.
Нашето претпријатие покрива околу 60% од пазарот во државата во снабдување со бетонско железо – материјал кој ги поседува сите потребни сертификати и атести, гарантирајќи квалитет и сигурност за секој градежен проект. Континуирано инвестираме во раст и развој, со цел да одговориме на зголемените барања на пазарот.
Во рамките на нашиот имот, компанијата располага со производствен погон за изработка на железо од 2000 m², како и плац за бетонско железо од 11.000 m², дополнет со останато градежно земјиште.
Дистрибуцијата ја реализираме со сопствен транспортен капацитет, кој опфаќа камиони за товар со голема носивост, како и помали дистрибутивни возила со кран, овозможувајќи брза, ефикасна и флексибилна испорака до клиентите.
Побарајте понуда
Со создавање на своја компанија за транспорт нашето претпријатие е во можност, да ги покрие како домашниот така и српскиот и косовскиот пазар со снабдување со бетонско железо, така и со собирање и реекспорт на отпадно железо.
Стеел Транс располага со преку 15 камиони кипери и платформи и со професионални возачи,кои можат да одговорат на предизвиците на секоја дестинација.
Соработници
Овие бројки на однесени количини на отпадно железо, го прикажуваат нашиот константен расти развој и во овој сектор.
Претпријатието е секогаш присутно на пазарот, а за тоа сведочат и бројни објекти и тендери од кои сме земале отпадно железо: На сите овие проекти и објекти сме одговориле професионално и благовремено благодарејќи на 20 професионално искуствени работници кои до денес се докажаа во професионално сечење на поголеми железни објекти, како што се дел од фабриката Охис, фабриката за блокови во Гостивар, дел од објектите во Цементара и многу други објекти со старо отпадно железо.
Покрај објекти со железна конструкција нашите работници професионално сечеле и разна расходувана механизација (вагони) од железница со преку над 20.000,00 тони отпадно железни вагони како и отпадни железни шини Железници Инфраструктура со преку 15.000,00 т
Галерија
Посветени на висококвалитетни производи и услуга
Нашата посветеност на високвалитетни производи и услуги е срцето на нашата компанија. Инвестираме во современа технологија за да гарантираме квалитетни производи според стандарди. Применуваме строги контроли за квалитетот на секоја фаза.
Посветени сме на изградба на долгорочни партнерства со нашите клиенти и ги почитуваме како дел од нашето семејство. Нашата посветеност не завршува со продажбата на производот или со завршувањето на услугата, туку продолжува низ нашите гаранции и поддршка по потреба.



















